ЗАКОНИ И ПРОПИСИ
I. Правилник за вршење технички преглед на моторни и приклучни
возила, трактори и земјоделски трактори. (ИЗВАДОЦИ).
член 2.
Техничките прегледи се редовни и вонредни.
член 3.
Редовни технички прегледи се вршат во периоди утврдени со закон,
а најрано 30 дена пред истекот на пропишаниот рок.
член 10.
За утврдување на техничката исправност на возилата Станицата за
технички преглед е опремена особено со:
- Дигалка со доволна носивост и висина на дигањето или канал
наменет за преглед на долниот построј на возилото.
- Уред за мерење на силата на кочењето на обемот на тркалата
од иста оска .
- Динамометар за мерење на силата на притискањето на командата
на кочниците.
- Уред за мерење на слободниот од на тркалото (воланот) од управувачот.
- Уред за контрола на насоченоста на светлата со вграден индикатор
за проверка на јачината на светлосниот сноп и направа за визирање.
- Уред за мерење на волуменскиот процент на јаглен моноксид
(CO) во издувните гасови на возилата со бензински мотор, кои
работат на принципот на инфрацрвена светлост.
- Уред за проверка на исправноста на елементите од системот
за еластично потпирање и системот за водење на тркалата на возилото.
- Уред за мерење на бучавата што ја емитираат возилата.
- Мерачна длабочината на шарките на пневматикот со нониус.
- Манометар за проверка на притисокот на воздухот во пневматиците.
- Уред за мерење на димноста (опацитетот) на издувните гасови
од возилата со дизел мотори.
- Уред за контрола на геометријата на управувачкиот механизам
- наклон затур и насочување.
- Мерен уред за проверка на габаритот, растојанието на оските
и распонот на тркалата.
- Каталог на бои по постојни стандарди.
- Хронометар за проверка на бројот на трепкањата на покажувачот
на правецот.
- Метар или метарска врпца од 25 м.
- Рачен прибор и алат.
член 14.
Технички преглед на возилото се врши од двајца контролори едновремено,
од кои едниот е во возилото и управува со истото, односно ги следи
командите што ги дава возачот, доколку нема возачка дозвола од соодветната
категорија.
член 15.
Станицата за технички преглед на сопственикот односно на носителот
на правото на користење на возилото, по негово барање, му овозможува
следење на техничкиот преглед што се врши над возилото.
член 16.
Технички преглед не може да почне да се врши ако возилото не е чисто
и обоено, како и ако има видни оштетувања на каросеријата.
|