Здружение на возачи - Штип

ЗВ - Штип
Услуги
Технички
преглед
Ценовник:
Патнички
возила
Товарни
возила
Влечни
возила
Корисни совети
Технички лексикон
Авто Карта на македонија
Како до нас?
Контакт
 
counter

Од 1957 до ....

На иницијатива на група возачи во Штип, во октомври 1957 година е одржано Основачко собрание на Здружението на возачи и автомеханичари во градот на Брегалница, при што е конституиран Управен одбор, а за прв претседател е избран Трајко Милев.
Во времето на првичниот подем на Организацијата, основните мотиви беа оквалификување на возачите,проширување на знаењета од областа на сообраќајот, воспитно-превентивно работење со младите и грижата за унапредување на животните и работните услови на возачите. Тоа беше време кога се создаваше углед, но и материјална база за натамошно надградување на активностите, со крајна цел да се подобри безбедноста на сообраќајот на патиштата.

Здружението на возачи и автомеханичари во Штип, од почетокот, па се до 1967 година, дејноста ја извршуваше волонтерски и тоа во имровизирани услови. Тогаш, во согласност со условите што ги диктираше подемот на сообраќајот, со доброволна работа на возачите и со помош на повеќе работни организации, се изградени нови работни простории.

Меѓутоа, времето го прави своето. Она што дотогаш беше доволно, веќе утре стана "тесно грло". Просториите ја губеа својата функционалност, така што се наметна потребата од изградба нови простории, пред се, заради поквалитетно вршење на техничките прегледи на моторни и приклучни возила, а и за вршење други услуги на граѓаните. Во текот на 1980 година во редовна работа беше предадена новата, современо опремена станица за технички преглед на моторни и приклучни возила, лоцирана во непосредна близина на градот со површина од 15 илјади метри квадратни. Во 1976 година беше отворена и авто школа со училници и нови возила која требаше подготовките на кандидатите за возачи да ги поткрене на повисоко ниво. Авто-школата работеше до 1983 година.

Изминативе две децении, од отворањето на современата Станица за технички преглед на моторни и приклучни возила и на новите административни простории, се период на континуиран подем на Здружението на возачи од Штип. Сега тоа е комплетно современо опремено и располага со: компјутерски систем за автоматска обработка на податоци, две линии за преглед на патнички и товарни возила, опремени со сите законски утврдени уреди за квалитетно вршење на технички преглед... Здружението на своите корисници на услугите постојано им обезбедува низа поволности, а на тоа поле ќе работи и во иднина.

На почетокот на овој век, на стартот на новиот милениум, Здружението на возачи од Штип има низа планови за понатамошно унапредување на своите услуги и за доближување до своето членство. Веќе се стартуваше со: бесплатни превентивни технички прегледи, бесплатен авто-сервис за ситни поправки на возилата, набавена е современа компјутеризирана опрема за контрола на системот за кочење, која ги задоволува европските стандарди за специјалистички преглед на возила за јавен превоз, а наскоро за новоформираниот Клуб на Здружение на возачи ќе бидат обезбедени посебни поволности, се со цел за зголемување на безбедноста во сообраќајот.

 

 
ул. „Железничка“ 12а, 2000 Штип, тел/факс 392387 e-mail: zvstip@zvstip.com.mk